Венгер: Се враќам на фудбалот на 1 јануари

Арсен Венгер повторно се наоѓа во центарот на вниманието откако најави дека на почетокот од следната година ќе му се врати на фудбалот. Во последните денови трофејниот стратег беше поврзуван со ПСЖ, Монако и Баерн Минхен, а самиот Венгер најави дека одлуката е веќе донесена.

„Изгледа дека е така. Се враќам на фудбалот од 1 јануари. Уште не знам каде, но се одмарам и подготвен сум повторно да работам. Не се само клубовите, постојат и репрезентации, може да биде и преселба во Јапонија. Имам богато искуство, добивам понуди од сите страни на светот“ – изјави Венгер за „Спорт Билд“.

Французинот даде свој коментар и за „случајот Месут Озил“ по конфликтот што асот на Арсенал го имаше со Германската Фудбалска Федерација.

Не ми се допаѓа што Месут реши да го напушти националниот тим, бидејќи Германците го ценат она што тој го има направено за оваа репрезентација. Како тренер слободно можам да кажам дека кај играчите недостига мотивација кога знаат дека веќе не играат за репрезентацијата, кога не гризат за да се докажат и да играат на едно СП или ЕП. Тоа се има докажано кај многу различни фудбалери“ – истакна Венгер.

Се вчитува...