Венгер секогаш има изговор: Судијата го упропасти мечот

Кога и да се случи Арсенал да загуби, Арсен Венгер секогаш си има „дежурен виновник“ за поразот на својот тим. Најчесто тоа се судиите, а исклучок не беше ниту вечерашниот дуел со Баерн, на кој „топчиите“ беа декласирани со пет гола во второто полувреме, а францускиот стратег вината ја посочи токму кај арбитрите.

Судијата го упропасти мечот. Дефинитивно немавме среќа со одлуките кои никако не можам да ги разберам. Левандовски е во офсајд, тоа не го судат, па потоа му даваат пенал. За својот старт Кошиелни доби жолт картон, па потоа ја променија својата одлука и му покажаа црвен картон на нашиот капитен. Да бидам искрен, моите фудбалери покажаа и квалитет и карактер, но кога останавме со играч помалку веќе се беше готово“ – изјави Венгер.

Убедливиот пораз придонесе уште погласни да станат навивачите што бараат францускиот стратег да си замине од „Емирати“, па се поверојатно е дека Арсенал воопшто нема да му понуди нов договор на трофејниот стручњак и ќе почне нова ера во историјата на лонсонскиот клуб.

Се вчитува...