Веќе нема никакви дилеми, Арсен Венгер во следната сезона нема да го води Арсенал иако францускиот стратег имаше уште една година од актуелниот договор со „топчиите“. Серијата слаби резултати неколку сезони во низа придонесе незадоволството кај навивачите, но и кај управата, да ја мине границата, па Венгер денеска самиот обелодени дека на крајот од сезонава ќе се повлече од функцијата што ја извршуваше во изминатите 22 сезони.
„Чувствувам дека сега е вистински момент да се повлечам, на крајот од сезонава. Благодарен сум што ја имав привилегијата да му служам на клубот толку многу незаборавни години. Порака до сите фанови на Арсенал – почитувајте ги и чувајте ги вредностите што ги негувавме со години заедно“ – порача Венгер.
Французинот си заминува како најуспешен стратег во историјата на „топчиите“ освојувајќи десет трофеи, меѓу нив и три премиерлигашки титули (една од нив перфектна, без ниту еден пораз, 2003/2004).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА