Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека е разочаран од елиминацијата од мадридски Атлетико во полуфиналето од Лигата на Европа, поради многуте пропуштени можности на неговиот тим на двата меча.
Арсенал, загуби синоќа со 1-0 во Мадрид, и остана без можност Венгер во последната сезона на клупата на „топчиите“ да стигне до европски трофеј.
„Пропуштивме многу шанси. Кога се ќе сумираме, мора да бидеме фрустрирани. Во Лондон се изнапромашувавме, но на реваншот не умеевме да искористиме некои шанси од првиот дел“ – изјави Венгер по синоќешниот меч, притоа дополнувајќи:
„Ги сакам овие момци. Го сакам овој тим. Сигурен сум дека со некои корекции Арсенал ќе биде конкурентен и во следната сезона. Тажен сум што на ваков начин ќе го напуштам клубот. Убаво ќе беше да обезбедиме финале. Како и да е, сега потребен ми е само одмор. Во овој момент навистина не знам што ќе работам после Арсенал“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА