Познатиот француски селектор Арсен Венгер смета дека судијата Дани Макели мораше да се консултира со ВАР пред да досуди пенал за Англија на мечот против Данска.
Англичаните се пласираа во финалето на Европското првенство, откако по продолженијата ја совладаа Данска со 2-1. Сепак, по натпреварот се зборуваше повеќе за судијата Дани Макелија и неговата одлука да досуди пенал за „гордиот албион“ во финишот на првото продолжение.
„Тоа не беше пенал. Не ми е јасно зошто никој од судиите во просторијата ВАР не му предложи на главниот арбитер да ја погледне снимката. Во такви моменти, судијата мора да биде апсолутно сигурен дека тоа беше пенал. Тие мораа да го погледнат видеото. ВАР го изневери судијата во овој случај“, изјави Венгер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА