Венгер знае кој ќе ги наследи Меси и Роналдо во светскиот фудбал

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, ги сподели очекувањата за наредната деценија околу напредокот на фудбалската игра. Напаѓачкиот фудбал сепак ќе преовладува, а Французинот знае и кој би можел да ги наследи Лионел Меси и Кристијано Роналдо како најголема ѕвезда на светскиот фудбал.

„Меси и Роналдо се без сомнение се уште најголемите ѕвезди, но кога го гледам Килијан Мбапе знам дека во иднина ќе игра главна улога во европскиот фудбал. Има брзина, експлозивност, техника и глад за постигнување голови. Има се што му е потребно да се искачи на самиот врв“, вели Арсен Венгер.

Тој смета и дека Англија има убава иднина доколку селекторот Герет Саутгејт успее да го склопи мозаикот за Европското првенство.

„Маркус Рашфорд е веќе фудбалер од врвна класа, тука се и Џејдон Санчо, Калум Хадсон – Одои и неколкумина млади англиски фудбалери кои имаат неверојатен талент. Ако тоа добро се вклопи, а верувам дека Саутгејт умее како да го стори тоа, тогаш Англија може да се надева на одличен резултат на Европското првенство“, истакнува францускиот стратег.

Европското првенство кое требаше да се игра во текот на јуни, е презакажано за следната година поради пандемијата на коронавирусот.

Се вчитува...