Австријката Стефани Вение стигна до златниот медал на Светското првенство во алпско скијање во супервелеслаломот кој го возеше на домашен терен во Салбах.
Домашната скијачка до златниот медал стигна со време од 1:20.47 минута, што беше за само 10 стоти делови од секундата подобра од сребрената Италијанка, Федерика Брињоне.
Бронзениот медал го поделија Лорен Мацуга од САД и Норвежанката, Кајса Викоф Ли кои доцнеа 24 стотинки зад времето на златната Вение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

