На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав Недев и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија.
Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови од цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии.
Минатиот месец, Недеви учествуваа и на голем меѓународен карате семинар со врвни јапонски инструктори — Оиши, Кавазое и Наито — од Јапонската Карате Асоцијација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

