Челниците на Македонската федерација во традиционално карате, Венцислав и Дејан Недев викендов учествуваат на врвен карате семинар во Лондон, Англија. Семинарот го водат тројца врвни јапонски карате инструктори: Масао Кавазое, Такаши Наито и Сеизо Изумија.
Сенсеи Масао Кавазое е шеф инструктор на Англија, сенсеи Такаши Наито е шеф инструктор на Италија а Сенсеи Сеизо Изумија е генерален менаџер на ЈКА со седиште во Токио, Јапонија. Сите тројца се носители на 8 дан и се поранешни шампиони на ЈКА и ИТКФ, како и асистенти на светските карате легенди Нишијама и Накајама основачи на ИТКФ и ЈКА.
На овој голем карате семинар учествуваат над 500 каратисти од Англија, Норвешка, Шкотска, Чиле, Македонија и други земји. Недеви покрај другото им упатија и покана на сите тројца инструктори да ја посетат Македонија и да одржат карате семинари во нашата земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА