Вентура повика 25 фудбалери за пресметката со Македонија

Селекторот на италијанската репрезентација Џанпјеро Вентура го соопшти списокот репрезентативци за квалификацискиот натпревар против Македонија кој се игра на 6. октомври на Олимпискиот стадион во Торино.

Вентура повика 25 фудбалери, без некои посебни изненадувања на списокот, со сосема очекуваниот состав. Во репрезентацијата се враќа и фудбалерот од средниот ред на Болоња, Симоне Верди, а останатите ќе бидат главно оние кои настапија и на меѓусебниот дуел во Скопје.

СПИСОКОТ НА ИТАЛИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ НАТПРЕВАР СО МАКЕДОНИЈА НА 6. ОКТОМВРИ ВО ТОРИНО:

ГОЛМАНИ: Буфон (Јувентус), Донарума (Милан), Перин (Џенова)

ОДБРАНА: Астори (Фиорентина), Барзаљи (Јувентус), Бонучи (Милан), Кјелини (Јувентус), Д’Амброзио (Интер), Дармиан (Манчестер јунајтед), Ругани (Јувентус), Спинацола (Аталанта), Запакоста (Челси)

СРЕДЕН РЕД: Де Роси (Рома), Пароло (Лацио), Пелегрини (Рома), Верати (ПСЖ), Бернардески (Јувентус), Кандрева (Интер), Ел Шарави (Рома), Инсиње (Наполи), Верди (Болоња)

НАПАД: Белоти (Торино), Едер (Интер), Габиадини (Саутемптон), Имобиле (Лацио).

Се вчитува...