Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Џампјеро Вентура, го продолжи договорот до 2020 година. По одличните резултати што „аѕурите“ го бележат под негово раководство, челниците на италијанскиот фудбал решија да му понудат продолжување на соработката.
„Сакаме да ја запознаеме јавноста дека селекторот Џампјеро Вентура го продолжи договорот со ФИГЦ до 2020 година. Ние имаме полна доверба во него и неговата работа“, изјави претседателот Карло Тавекио.
Вентура имаше договор до крајот на СП 2018 година, но ќе ја предводи Италија и во наредниот квалификациски циклус за ЕП 2020, завршувајќи со настапот и на самиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА