Венус ја елиминираше шампионката во Мајами, Азаренка подобра од Радвањска

Венус Вилијамс ја победа Џоана Конта во три сета со 5-7,6-1,6-2 на тој начин пласирајќи се во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами.

Осмата светска тенисерка во борбата за полуфинале ќе игра против Даниела Колинс која беше подобра од олимписката шампионка Моника Пуиг.

Венус после голема борба и два часа и 21 минута игра ја елиминираше бранителката на титулата во Мајами. Сега Мастерсот ќе добие нова шампионка.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Викторија Азаренка која со 6-2,6-2 ја победи Агњешка Радванска. Нејзина следна противничка ќе биде Каролина Плишкова која беше подобра од Зарина Дијас.

Во останатите две четвртфинални пресметки ќе се сретнат Стивенс против Кербер, и Остапенко со Свитолина.

Се вчитува...