Венис Вилијамс и со своите 36 години успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, прво по цели 17 години.
Легендарната Американка во четвртфиналето ја победи Анастасија Павлјученкова со 6-4,7-6(3), во меч во кој беа видени дури девет брејка, од кои пет во првиот сет.
Во полуфиналето Вилијамс сега ќе игра со сонародничката Коко Вандевеј, која во второто четвртфинале ја надигра големата фаворитка Гарбинје Мугуруза, победувајќи со 6-4,6-0.
Ова е прво Грандслем полуфинале во кариерата за 26-годишната Вандевеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА