Американката Венус Вилијамс не обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерс турнирот во Мајами. На патот на искусната тенисерка и застана 24-годишната квалификантка Даниеле Роус Колинс која неочекувано славеше убедлива победа со 6-2, 6-3.
Во полуфиналето, Колинс ќе игра против Олена Остапенко која вчера во два сета ја елиминира Свитолина. Во второто полуфинале ќе играат Азаренка и Стефенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА