Венус Вилијамс го руши старосниот рекорд на УС Опен

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Американката Венус Вилијамс, ќе се натпреварува на овогодинешниот Отворен турнир на САД на 45 години, што ја прави најстарата учесничка на турнирот од 1981 година, кога играше 47-годишната Рене Ричардс.

Организаторите  испратија посебна покана на Вилијамс. Седумкратната шампионка на Гренд слем турнирите го освои Отвореното првенство на САД во 2000 и 2001 година, додека играше во финалето во 1997 и 2002 година. Во двојки, таа освои 14 трофеи од Гренд слем турнирите со нејзината сестра Серена.

Ова ќе биде нејзино 25-то учество на Отвореното првенство на САД, откако дебитираше во 1997 година, кога стигна до финалето.

Доколку оствари барем една победа, таа ќе го сруши рекордот за најстара тенисерка што триумфирала во натпревар од Отвореното првенство на САД, кој го држи Мартина Навратилова од 2004 година.

Се вчитува...