Седумкратната гранд-слем шампионка Венус Вилијамс ќе се натпреварува на ВТА турнирот за прв пат по 16 месеци бидејќи прифати вајлд-карта за овогодинешниот Вашингтон опен.
Вилијамс (45), последниот настап го имаше во Мајами во март 2024 година и нема добиено натпревар откако ја победи Русинката Вероника Кудерметова во првото коло на Синсинати во август 2023 година.
Вилијамс го освои Вимблдон пет пати во сингл конкуренција и УС Опен двапати, како и 14 гранд-слем титули во двојки со нејзината помлада сестра Серена Вилијамс.
„Возбудена сум што ќе играм во Вашингтон. Овој град отсекогаш ми покажувал толку многу љубов и едвај чекам повторно да се натпреварувам таму“, изјави Венус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

