Венус Вилијамс постигнала договор да го исплати семејството на жртвата на сообраќајната несреќа во која што беше инвловирана во јуни минатата година. Иако американската тенисерка беше ослободена од кривична одговорност и полицијата не покрена обвинение, семејството ја тужеше за невимателно возење кое резултирало со смртта на Џером Барсон кој им подлегна на повредите две недели по несреќата.
Висината на договорената сума не е објавена. Во инцидентот било вклучено и трето возило, но за никого од инвловираните нема обвинение. Снимки од безбедносни камери ја ослободија Венус од одговорност, видеото беше главен доказ во нејзина одбрана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА