Венус Вилијамс доживеа убедлив пораз од Елина Свитолина во првото коло на Ролан Гарос.
Деветтата носителка ја совледа седумкратната грандслем победничка Венус Вилијамс во два сета, со 6-3,6-3, и во следното коло ќе се сретне со Катерина Козлова.
Венус Вилијамс не поминала трето коло на еден Грандслем турнир уште од 2017 година кога играше во полуфиналето на УС Опен.
Седмата носителка Слоан Стивенс по час и 33 минути игра ја елиминираше Мисаки Дои со 6-3,7-6, додека Сара Тормо беше подобра од Алисон Ујтванк по тешка битка победувајќи со 2-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА