Легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс направи нов кам-бек на терените откако се пријави на ВТА турнирот во Вашингтон.
Неверојатната Американка која доби специјална покана од домаќинот успешно ја мина првата пречка во двојки на турнирот во главниот град на САД откако заедно со нејзината сонародничка Баптист славеа со 2-0, по сетови 6-3 и 6-1, против Џени Бушар која летово официјално со само 31 година ќе замине во пензија и Нгонуе.
Вилијамс вечерва ќе го има својот прв меч и во сингл каде ќе се сретне со сонародничката Стернс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

