Верати емотивно се збогуваше со Пари Сен Жермен (ВИДЕО)

По 11 години Марко Верати си замина од францускиот шампион Пари Сен Жермен и потпиша за катерски Ал Араби.

Тој вечерва имаше емотивно збогување од „Паркот на принцовите“, пред мечот на парижаните со Ница во Лига 1.

Верати пред трибината со ултрасите на ПСЖ се фотографираше со трофеите и со навивачите, а потоа зема едно од џиновските знамиња на навивачите и го вееше пред нив, како последен чин од збогувањето.

Се вчитува...