Верати ги спакува куферите и правец – Саудиска Арабија

Челниците на Ал Хилал денеска допатуваа во Париз на преговори со Килијан Мбапе, но во меѓувреме договорија уште еден трансфер – Марко Верати си заминува од ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи токму во овој клуб од Саудиска Арабија.

Како што информира Л’Екип, преговорите течеле експресно, Верати ја прифатил понудата за тригодишен договор за значително поголема плата од онаа што ја зема во ПСЖ, а во завршна фаза се и преговорите меѓу клубовите. „Светците“ се приморани да продаваат играчи за да обезбедат буџет за нови засилувања, поради што се решија на разделба од Верати, фудбалерот со најдолг стаж во оваа екипа.

Ал Хилал денеска комплетираше уште еден трансфер, оној на Бразилецот Малком, поранешниот играч на Барселона кој доаѓа во Саудиска Арабија од рускиот првак Зенит.

Претходно, овој клуб ги ангажираше и Рубен Невес од Вулверхемптон, Калиду Кулибали од Челси и Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио, а во завршна фаза се и преговорите за трансферот на Александар Митровиќ од Фулам.

Се вчитува...