ПСЖ ја одби првата понуда од 55 милиони фунти од Челси за нивниот плејмејкер Марко Верати. Италијанецот инсистира дека е среќен во Париз, па ја одбива можноста повторно да соработува со Антонио Конте. Верати и Конте работеа заедно две години во националниот тим на Италија, поранешниот тренер на Јувентус е голем фан на Верати, па ќе направи се’ што може за да го донесе во своите редови.
Одбивањето на новиот англиски првак може да му донесе нов договор на Верати, со оглед на тоа дека сака да остане на „Паркот на принцовите“, раководството најверојатно и ќе му понуди нова соработка. Покрај Челси, на ред чекаат и Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер сити, а нов договор ќе значи крај на сагата и сите шпекулации околу неговата иднина.
Конте смета дека неговиот тим сезонава има многу доверба во Канте, а тоа може негативно да влијае врз нивната тактика, па затоа се обидува да пронајде партнер за Французинот, со кој ќе ја држат средината на теренот. Матиќ и Фабрегас одлично ја завршуваа работата цела сезона, но поради пласманот во Лигата на Шампиони, Конте сака повеќе играчи од средниот ред на располагање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА