Верати го промени клубот во Катар

Марко Верати е нов фудбалер на Ал Духаила. На овој начин Италијанецот кариерата ја продолжува во Катар, бидејќи претходно две сезони настапуваше за Ал Араби.

За Ал Араби настапи на вкупно 40 натпревари, што е само околу половина од можните, во кои постигна четири гола и запиша дванаесет асистенции.

Тој во овие две години заработи неверојатни 60 милиони евра, а клубот минатата сезона ја заврши само на деветтото место во катарскиот шампионат.

Од друга страна, Ал Духаил ја заврши сезоната на второто место веднаш зад Ал Сад. Засега од клубот не ги соопштуваат финансиските детали од договорот, но нема сомнеж дека станува збор за голема сума.

Верати во кариерата играше за Пари Сен Жермен и Пескара пред да дојде во Катар.

Се вчитува...