Верати и официјално во Ал-Араби

Италијанскиот фудбалер Марко Верати, и официјално е нов играч на Ал-Араби, пренесе катарскиот клуб. Верати во овој тим доаѓа од ПСЖ,, а со катарската екипа потпиша тригодишен договор со кој ќе заработи вкупно 45 милиони евра.

Претходните 11 години овој играч ги мина во ПСЖ, а во Париз стигна од Пескара во 2012 година.

„Горд сум што играв за ПСЖ повеќе од деценија. Париз, клубот и навивачите засекогаш ќе имаат место во моето срце“, изјави Верати.

Се вчитува...