Ал Ахли е еден од најактивните клубови од Саудиска Арабија на пазарот летово, откако тимот на нашиот Алиоски веќе ги доведе во своите редови Менди, Фирмино, Марез и Кеси. Сепак, челниците на Ал Ахли немаат намера да запрат, туку се во офанзива за потпис на уште едно звучно име од европскиот фудбалски пазар – Марко Верати од ПСЖ.
Италијанецот се најде на листата непожелни фудбалери во таборот на „светците“, Ал Хилал беше клубот што покажуваше сериозен интерес, но според последните информации, сега Ал Ахли е апсолутен лидер во трката по овој фудбалер.
Откако не успеа да го комплетира трансферот на Зиелински од Наполи, тимот на Ал Ахли го насочи целосно вниманието кон Верати, експресно ги договори личните услови со самиот фудбалер, по што имаше и една успешна рунда преговори со ПСЖ. Кај двата клуба постои оптимизам дека може да биде постигнат целосен договор во следните 48 часа, а се очекува „светците“ од Париз да заработат меѓу 40 и 50 милиони евра од продажбата на Верати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

