Верати: Не се плашиме од судиска неправда во финалето

Италија е подготвена за битка во големото финале против домаќинот Англија на „Вембли“, а главна тема и денеска е досудениот пенал за „гордиот албион“ во вчерашното полуфинале со Данска.

Марко Верати на вчерашната прес-конференција се осврна и на тој момент, повторувајќи го ставот на целокупната фудбалска јавност – дека холандскиот судија им подари пенал на Англичаните.

„Тоа беше во најмала рака „дарежлив“ пенал. Ако јас бев судија, сигурно немаше да го досудам, но вакви работи и претходно се случувале во светот на фудбалот. Како и да е, в недела играме финале и не се сомневам дека ќе биде избран врвен судија, така што ние не стравуваме од судиски грешки во битката за трофејот“, изјави плејмејкерот на ПСЖ и на италијанската репрезентација.

УЕФА објави дека Холанѓанецот Бјорн Кујперс ќе биде главен судија на финалната пресметка меѓу Италија и Англија, што ќе се игра в недела на „Вембли“ во Лондон.

Се вчитува...