Верати во договорот со Ал Араби има клаузула каква што не може да замисли ниту Роналдо

Искусниот италијански репрезентативец Марко Верати изминатото лето ја зголеми европската колонија во арапскиот фудбал. Поранешниот ас на ПСЖ од редовите на „светците“ оствари траснфер вреден 45 милиони евра во Ал Араби каде доби одлични услови.

Фудбалерот кој одигра над 400 натпревари и се радуваше на 30 трофеи со францускиот тим заработува 35 милиони евра годишно, а во договорот има и клаузула која ја нема ниту најплатениот фудбалер на светот Кристијано Роналдо, открива „Л’Екип“.

Верати секој месец има седум слободни денови кои може да ги помине далеку од Катар, а Италијанецот го користи тоа за да се врати назад во Париз, каде продолжи да живее неговото семејство. Со овие услови јасно е зошто бројот на фудбалери кои се определуваат да заиграат во арапскиот свет е се поголем.

Се вчитува...