ПСЖ во неверојатен натпревар капитулираше пред Барселона и не успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Иако имаше неколку судиски одлуки кои одеа во корист на каталонскиот гигант, Марко Верати истакна дека „светците“ целата вина за елиминацијата мораат да ја бараат во своите редови.
„Квалификацијата на Барселона е сосема заслужена, многу ни ја отежнаа задачата, играа одличен пресинг во првото полувреме. Во вториот дел заигравме подобро, по голот на Кавани добивме и на стабилност. При резултат 3-1 на теренот разговарав со дел од играчите на Барса, делуваше дека се откажани, дека се свесни дека немаат шанса. Што се случи навистина не можам да објаснам, но тоа е фудбалот. Вината треба да ја бараме исклучиво кај нас, не може да се жалиме на судење кога ќе претрпиме пораз од 6-1. Сега ќе ни биде многу тешко, но мораме да најдеме сила да се исправиме, да ги кренеме главите бидејќи пред нас се нови натпревари и предизвици“ – изјави Верати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА