Вербална пресметка на Гвардиола со играч на Ливерпул по дербито (ВИДЕО)

Големото англиско дерби помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул заврши без победник 1-1. Пропуштија „граѓаните“ неколку добри шанси за победа и за цврста прва позиција. Халанд поведе во првиот дел, а Александар-Арнолд во вториот дел донесе бод за гостите.

После последниот свиреж се случи непријатна сцена. Фудбалерот на Ливерпул, Дарвин Нуњез влезе во вербална пресметка со тренерот Пеп Гвардиола, а напаѓачот мораше да биде смирувн и од неговиот менаџер Јирген Клоп.

Се вчитува...