Вердер и дефинитивно го отпиша најлошото засилување во историјата на Бундеслигата

Фудбалерот од Гвинеја Наби Кеита ќе го напушти Вердер во летниот преоден рок. Клубот од Бремен минатото лето го доведе 29-годишниот играч откако играчот од средниот ред се раздели со Ливерпул, а најблаго кажано, таа аквизиција не ги донесе посакуваните резултати.

Кеита ги пропушти воведните четири натпревари поради повреда на препоните, а потоа одигра само 81 минута во следните три.

Следеа нови повреди кои го делеа од терените еден месец, поради што одигра вкупно само 81 минута до почетокот на календарската 2024 година.

И покрај тоа, тој доби покана од Гвинеја да учествува на Африканскиот куп на нации. По враќањето од репрезентативната авантура одигра само 26 минути на два меча, а пред мечот од 29. коло со Баер збесна кога дозна дека тренерот Оле Вернер го оставил надвор од стартниот состав и одбил да патуваат со тимот во Леверкузен.

Оттогаш Наби Кеита нема одиграно ниту една минута и е отстранет од првиот тим. Неславната епизода на поранешниот играч на Ливерпул заврши со неславната награда за најголем неуспех во конкуренција на сите засилувања. Кеита претходно играше за Ливерпул, Ред Бул Салцбург, РБ Лајпциг, Истрес и Хороја.

Се вчитува...