Вердер поведе, па доживеа дебакл во Минхен, „милионерите“ убедливи

Баерн Минхен со убедлив триумф (6-1) над Вердер ја прекина негативната низа од два п0рази во Бундес-лигата. Гостите од Бремен поведоа со голот на Милот Рашица во 24.минута, но Кутињо и Левандовски во самиот финиш од првиот дел се погрижија за пресврт. До крајот, Кутињо постигна хет – трик, Левандовски стрелаше уште еднаш, а во листата на стрелците се запиша и Томас Милер.

Борусија Дортмунд исто така беше убедлива на гостувањето против Мајнц и славеше со 0-4. Ројс го отвори резултатот, а мрежата на гостите ја погодија и Санчо, Азар и Шулц.

Келн го совлада Баер Леверкузен со 2-0, Херта со голот на Владимир Дарида оствари победа (1-0) над Фрајбург, а Падерборн и Унион Берлин ремизираа 1-1.

Се вчитува...