Англискиот голгетер Џејми Варди и во новата сезона ќе го носи дресот на Лестер откако денеска и официјално ја продолжи соработката со повратникот во Премиерлигата притоа продолжувајќи го деценискиот престој во редовите на „лисиците“.
Сега 37-годишникот потпиша за Лестер во 2012 година, а оттогаш е незаменлив дел од тимот кој го врати во Премиерлигата, со него подоцна го освои силниот шампионат, а за закити и со трофеите во ФА Купот и Комјунити Шилд и настапи во европските натпреварувања.
По релегацијата на Лестер во 2023 година Варди остана верен на клубот, а со 20 голови претходната сезона беше еден од клучните за освојувањето на Чемпионшипот.
Who’s ready for an afterparty? 🎉
Jamie Vardy signs for another year! pic.twitter.com/HgQd4y5KlD
— Leicester City (@LCFC) June 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА