Белгискиот дефанзивец од редовите на Рома, Томас Вермален никако не може да фати натпреварувачки ритам, откако попладнево заработи нова повреда на тренинзите на Рома.
Дефанзивецот одигра 90 минути против Киево и Астра во декември, но повторно ќе мора да паузира одреден период од терените, откако денеска заработи повреда на листот.
Во текот на наредните денови, тој ќе биде подложен на медицински испитувања, од кои ќе се знае тежината на повредата. Тој ја засили „волчицата“ од Барселона, но досега настапи на само три натпревари, поради проблеми со препоните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА