Вернер, лева нога ти се позлатила (видео)

Тимо Вернер сезонава се „прослави“ со бројни промашувања од идеални позиции во дресот на Челси, но Германецот сепак „најдоброто“ го сочува за вечерашниот меч со Македонија.

При резултат 1-1 Гундоган излезе зад нашата одбрана, несебично го проигра во празно Вернер, кој од пет метри требаше само да ја турне топката кон мрежата. Сепак, „левицата“ на асот на Челси за наша среќа тотално потфрли, па тој прописно се посрамоти шутирајќи крај дирекот.

Се вчитува...