Вернер не мрда од „Стемфорд Бриџ“: Ќе докажам дека вредам да бидам дел од Челси

Тимо Вернер не успеа да ги оправда очекувањата по трансферот во Челси. Германскиот репрезетнативец во двете сезони поминати во „синиот“ дрес стана повеќе претпознатлив по нестварните промашувања отколку по постигнатите голови, а и покрај тоа што се поврзуваше со трансфер назад во Германија вели дека ќе остане во Челси.

Тој е среќен во Лондон и ќе се бори за своето место во тимот. Како што вели, во новата сезона ќе докаже дека вреди да биде дел од Челси.

„Пред се најважно е што сум среќен. Среќен сум и кога играм и постигнувам голови, тоа е факт и знам дека кога ќе го средам тоа ќе дојдат и останатите работи. Тренерот има различни замисли за различни натпревари и јас не секогаш сум во неговиот план, но ќе направам се за да го сменам тоа. Јасно е дека сакам да играм и да бидам во форма и за Светското првенство и ќе докажам дека вреди да сум дел од Челси во новата сезона“, изјави Вернер.

Се вчитува...