Германскиот фудбалер Тимо Вернер смета дека донел исправна одлука кога минатото лето се пресели во Челси. За Германецот беа заинтересирани голем број на клубови, но тој на крајот премина во Челси во трансфер вреден 50 милиони фунти.
Вернер често се соочуваше со критики во Англија, но и самиот признава дека ова е најлошата сезона во неговата кариера.
„Често се прашував дали донесов добра одлука или не. Сега можам да кажам дека тоа беше вистинскиот чекор и ја донесов најдобрата одлука“, изјави Вернер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА