Вернер се враќа назад во Челси?

Фудбалерот на Лајпциг, Тимо Вернер е на излезните врати од клубот и се поголема е веројатноста дека во јануари ќе ја промени средината. Германскиот репрезентативец не е задоволен со статусот во германскиот тим и сака премин по секоја цена, информираат тамошните медиуми.

Како опција за следен трансфер се јавува Челси каде што помина две сезони од 2020 до 2022 година и со кој ја освои Лигата на Шампионите, но не ги задоволи очекувањата при трансферот вреден 53 милиони евра.

Со оглед на тоа што Челси се соочува со голем број на повреди не се исклучува можноста за негов ангажман, но во прилог на 27-годишникот не е неговата форма која постојано е во надолна линијата. Оваа сезона одигра 13 натпревари во сите конуренции, а постигна само два гола.

Се вчитува...