Тимо Вернер по само две сезони поминати во Челси го напушти Лондон и се врати во Лајпциг. Германскиот голгетер пристигна на „Стемфорд Бриџ“ како огромно засилување, а и покрај тоа што беше лидер на тимот во бројот на постигнати голови во првата сезона никогаш не ги исполни големите очекувања.
Потсетувајќи се на времето поминато во „синиот“ дрес тој открива дека причина за губењето на самодовербата претходната сезона биле ВАР одлуките досудени против него.
„Првата година во Челси најверојатно беше најуспешната година за мене. Не на лично ниво, но секогаш беше отсликана како полоша отколку што беше. Јас бев најдобриот голгетер и ја освоивме Лигата на Шампиони. Не можев да посакам повеќе. Имав и промашувања, а мислам и дека поставив нов рекорд во ВАР одлуки против мене. Никој нема да го сруши тој рекорд во скоро време. Поради тоа ја изгубив самодовербата во втората година“, изјави Вернер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

