Тимо Вернер по само две сезони поминати во Челси се наоѓа пред излезните врати на „Стемфорд Бриџ“. Очекувањата за германскиот репрезентативец беа огромни, но во двете одиграни сезони во „синиот“ дрес повеќе се „прослави“ со нереалните промашувања отколку по постигнатите голови.
За 26-годишникот постојат две опции за заминување во овој трансфер рок. Едната е Јувентус каде е опција „Б“ за нападот доколку „старата дама“ не успее да го врати Алваро Мората, а втората е враќање во Лајпциг од каде пристигна во домот на Челси.
Интересно, Вернер бил вклучен во преговорите за Матијс де Лихт и Норди Мукиеле, но Холанѓанецот и Французинот се одлучија да ги засилат Баерн Минхен и ПСЖ., па пропаднаа обидите на Челси германскиот напаѓач да биде „мамец“ во преговорите за доведување на нови фудбалери на „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА