Андреас Иниеста се сретна со претседателот на Барселона, Жозе Бертомеу како би разговарале околу продолжување на договорот на фудбалерот од средниот ред.
„Мундо депортиво“ пренесува дека средбата била околу продолжување на соработката која истекува во јуни 2018 година. Изминатиов период на големо се најавуваше заминување на Иниеста од клубот, наводно поради „заситеност“.
Сепак, според пишувањата на каталонските медиуми, сега Барселона му нуди на Иниеста доживотен договор според кој шпанскиот репрезентативец на крајот од секоја сезона ќе може да одлучи дали сака да ја продолжи кариерата или да заврши со фудбалот.
Меѓу Иниеста и Барселона досега имаше меѓусебен застој во комуникацијата, но сега се очекува обновување на договорот, иако е сосема јасно дека неговата кариера не може да трае до недоглед.
33-годишниот Иниеста во Барса е повеќе од две децении.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА