Верноста со Македонија ЃП ја продолжија четворица ракометари

Македонија Ѓорче Петров во новата сезона од Првата македонска лига очигледно влегува со уште поголеми амбиции, а денес од клубот излегоа со објава дека е договорено продолжување на соработката со четворица ракометари.

Станува збор за Боби Неделковски, Дарко Јаневски, Мартин Велковски и Јованче Јаневски.

Претходно клубот се засили со Мартин Димовски од Куманово и повратникот на ракометените терени, Филип Ролевски. Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров ќе бидат предводени од новиот тренер, Оливер Димитриоски.

Се вчитува...