Македонскиот национален тим вечерва во 20:45 часот го игра последниот натпревар во овие квалификации против најдобрата во групата Ц Англија, која веќе обезбеди пласман на Европското првенство. За Македонија остана надежда дека во некои други квалификации ќе успее да избори место на второ ЕВРО.
Македонија во пресметката со Англија влегува после поразот од Рим со 5-2. Слабото прво полувреме ја донесе големата предност за Италија од 3-0 на полувремето, но потоа Атанасов со два гола внесе немир кај Италијанците, кои во финишот, сепак, со два гола стигнаа до конечен триумф.
Токму двојниот стрелец Јани Атанасов се очекува да стартува вечерва против Англија, и тоа сигурно ќе биде една од измените на селекторот Благоја Милевски. Се очекува Адеми да остане на клупата за резерви и да ја чека шансата. Можни измени се десната страна и во нападот, додека во одбраната се очекува да нема замени, со оглед дека тука ростерот е „најтенок“, особено на стоперските позиции каде што ги нема Зајков поради повреда и Велковски поради немање ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА