ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ: Нема калкулации – Со сите сили на триумф во Кардиф!

ЕКИПА во Кардиф, Велс

Владимир Булатовиќ

Без многу калкулации македонската селекција ќе го очекува вечерашниот последен натпревар од квалификациите за СП 2026 против Велс во Кардиф.

Согласно таквите најави, се очекува да биде „скроен“ и стартниот состав на селекторот Благоја Милевски кој и на вчерашната прес-конференција истакна дека нема зошто било како да се калкулира на дуелот со Велшаните. Желбата е секако победа….

„Нема што апсолутно да калкулираме на овој натпревар. Напротив, секако ќе одиме на победа, свесни дека може само да добиеме од истиот. Нормално, никој не може да го предвиди текот на натпреварот, но тоа што ние со сигурност го знаеме е дека ќе дадеме се од себе со триумф да го заокружиме овој циклус“ – рече Милевски.

Стручниот штаб има само една дилема околу почетниот тим, кој се очекува во формација 3-5-2.

 

Се вчитува...