Поранешниот италијански фудбалер Џенаро Гатузо, би можел да се врати на тренерската работа откако стана главен кандидат за превзмање на клупата на Парма. Откако екипата не успеја да се пласира во Серија „А“, екипата заврши на 12. место, дојде до разделба со Јакини, и сега Гатузо е прв пик за клупата.
Парма ќе сака со Гатузо следната сезона да избори пласман во италијанската „елита“ и да се врати во Серија „А“. Тој е без работа откако последно го водеше Наполи, а претходно беше дел и од Милан.
Веројатно Гатузо и Пандев ќе се разминат, со оглед дека Пандев и натаму нема одлучено дали ќе продолжи да игра. И да продолжи, веројатно тоа нема да биде тимот на Парма, односно ќе оди во друг клуб или ќе ја заврши кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА