Новиот италијански прволигаш Верона сака да го врати Антонио Касано од пензија и да му понуди повторно да заигра во Серија А. Тренерот Фабио Пекија има план да го спои тандемот Касано – Черчи, надевајќи се дека нивното искуство ќе биде добредојдено за навалната линија на овој тим.
Касано по разделбата со Сампдорија не играше професионално фудбал минатата сезона, но, како што тврдат италијанските медиуми, се уште е одлично физички подготвен и би можел брзо да се врати во тренажен и во натпреварувачки ритам.
Верона нуди рехабилитација за уште еден напаѓач кој во минатото беше страв и трепет за противничките одбрани во Италија, Алесио Черчи. Тој во 2016 година беше дел од Џенова, а се уште е под договор со Атлетико Мадрид. Верона би му понудила да заигра во нападот и да биде повторно на големата сцена во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА