Холандскиот пилот Макс Ферстапен, победник е на спринт трката која се возеше на патеката Шпилберг во Австрија. Ова е нов триумф за двократниот светски првак, кој ја продолжува својата доминација во Формула 1.
Второто место му припадна на Серхио Перез додека трет беше Сајнц, возачот на ферари.
На патеката беа тешки условите, со оглед дека на стартот врнеше дожд. Агресивен беше Перез кој на првата кривина го нападна Макс и успеа да го помине, но само за кратко, затоа што брзо Ферстапен успеа да се врати на чело на колоната.
Ферстапен со ова на своето салдо додаде уште осум поени. Трката за ГН на Австрија е во недела во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА