Возачот на Ред Бул Макс Верстапен, е победник на трката за ГН на Мексико. Иако Холанѓанецот стартуваше како трет, веќе од првиот свиок излезе како водечи. Ги мина возачите на Мерцедес Валтери Ботас и Луис Хамилтон, па до крајот без проблеми го освои првото место.
Ботас на стартот имаше контакт со Даниел Рикиардо, па двајцата имаа пад на позициите.
Хамилтон успеа да се избори за второ место, иако беше под константен притисок од Серхио Перез кој оваа трка ја возеше во својата земја, па имаше голем мотив и поддршка.
Верстапен со деветтата победа ја зголеми предноста пред Хамилтон сега на 20 бода, а до крајот на сезоната има уште 4 трки.
🏁 RACE CLASSIFICATION 🏁
It’s another solid performance for Verstappen 💪#MexicoGP 🇲🇽 #F1 pic.twitter.com/hHdXt9pILm
— Formula 1 (@F1) November 7, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА