Актуелниот првак во Формула 1, Макс Верстапен уште еднаш покажа дека сезонава е неприкосновен на спринт трките, славејќи на спринтот во Австрија. Ова беше втора победа во спринт за Холанѓанецот.
Со тоа ја освои најдобрата спартна позиција за ГН на Австрија, 11 трка во сезоната, која е на програмата утре од 15 часот.
Холанѓанецот беше водечки уште од стартот, и славеше со секунда и пол подобро време од возачот на Ферари, Шарл Леклер. Третото место беше резервирано за Карлос Саинц, кој беше четири секунди зад својот тимски колега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА