Пивотот на репрезентацијата на ДР Конго, Гаутјер Мвумби, е вистинска ѕвезда во моментов на Светското првенство во Египет. Веднаш го привлече вниманието со својот изглед, издвоен од медиумите како најдебел ракометар на шампионатот.
Но, без разлика на изгледот, одигра одлично за својата селекција во поразот (22-28) од Аргентина, за 11 минути постигнувајќи четири гола.
Historias mínimas…
Gauthier Mvumbi, pivot congoleño: 26 años, 1,92 metros y 110 kilos (según ficha oficial).
Estuvo 11’ y 17’’ en cancha y aportó cuatro goles en la derrota de ??#Congo ante ??#Argentina (22-28).
Fue el debut de ambos en el Mundial de handball.#Egipto2021 pic.twitter.com/PJzmHct9VS— Carlos Pedulla (@almatana) January 15, 2021
Но, ИХФ е на потсмев во светот на спортот откако на официјалната интернет-страница на Мундијалот е објавено дека е висоок 176 сантиметри а тежок само 89 килограми, во што апсолутно никој не верува.
Од неговиот клуб Дреукс од четвртата француска лига, пак, тврдат дека има 110 килограми, што исто така не е за верување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА