Фудбалска вест на денот во Шпанија е тоа дека Инаки Вилијамс нема да настапи за Атлетик Билбао на мечот против Селта Виго во Ла лига.
Ова момче досега не пропушти ниту еден од претходните 251 натпревар на баскискиот тим во последните шест години. Се доаѓа до својот крај, па така е и со оваа неверојатна серија. Вилијамс поради повреда на мускулот нема да може да им помогне на соиграчите на дуелот против Селта.
Последен пат Вилијамс го пропушти натпреварот со Атлетико на 7. април 2016 година, против Малага. Оттогаш, па до дуелот против Селта, на Вилијамс не му пречеа полесни повреди, ниту беше исклучен барем еднаш, ниту пак акумулираше жолти картони кои ќе донесат автоматска суспензија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

